Skip to main content
Хроника

Ученици од Куманово натепани додека чекале превоз кон дома

03/12/2024  14:11

Група средношколци кои чекале училишен превоз вчеравечер биле физички нападнати од друга група во центарот на Куманово, пренесува порталот Кумановски Муабети.

MK Summit

Според неофицијални информации група со фантомки кои преходно вербално провоцирале ги нападнале учениците кај автобуската постојка кај Серава.

Од полицијата со кратко соопштение без многу детали информираат дека татко пријавил оти негов син и негови пријатели биле нападнати.

– На 02.12.2024 во 21.25 часот во СВР Куманово, Т.А.(43) од Куманово пријавил дека на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, неговиот малолетен син и неговите пријатели биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и тврди предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.