На 17.11.2024 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.Г.(34) од Република Турција затоа што во казино на подрачјето на Центар во Скопје агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на вработените.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.