Search

Туристичките резервации за Хрватска за август и септември не се откажани

Хрватскиот министер за туризам, Гари Капели денеска изјави дека туристичките резервации претходно закажани за август и септември не се откажани, јули, според него, е „исто солиден” во овој поглед, а за јуни , резервации има, но со оглед на ситуацијата, ќе биде малку потешко да се реализираат.

– Ја следиме ситуацијата, разговараме со колегите од пазарот, вчера разговаравме со словенечкиот министер и во мај ќе преговараме за деталите за ублажување на мерките. Наредните седмици треба да се сретнат епидемиолошките служби на двете држави, најави Капели.

Тој додаде дека се бара заеднички протокол за патување на ниво на Европската унија.

За вчерашната препорака на германската Влада на своите граѓани да не патуваат надвор од земјата до средината на јуни, Капели рече дека таквите препораки сега се логични.

Сепак, тој верува дека кога ќе се отворат границите, на луѓето не може да им се забрани патување во странство, особено во земји каде што поседуваат предмети, пловни објекти или друго.

Тој најави дека на почетокот од следната недела ќе разговара со епидемиолозите за инструкции, однесувања и здравствени состојби во угостителските и објектите за сместување, и изрази уверување дека тоа нема да биде комплицирано и оти објектите брзо ќе се прилагодат на новата ситуација.

Треба да знаете
Последни објави