Skip to main content
Македонија

ТК Прилеп ја покачи цената на тутунот на 400 ден за килограм

13/12/2024  21:01

Според информации од тутунопроизводителите, Тутунскиот комбинат – Прилеп од денеска ја покачи откупната цена од 375 денари на 400 денари за килограм.

Од Државниот Инспекторат на Земјоделство вчера информираа дека од почетокот на откупот, до сега се откупени вкупно 6.360.485,24кг 1 класа тутун, 13.485,59кг втора класа и 556,81кг трета класа тутун. Вкупната бројка е 6.374.550,44кг, додека просечната откупна цена изнесува 376,00 денари. Од овие количини исплатени се вкупно 57% од откупените количини кон тутунарите.

Инспекторите на ДИЗ остануваат и понатаму на терен каде будно ќе го следат и контролираат откупот.

Извор – Агротим