Skip to main content
Балкан

Српската Влада досега објави повеќе од 140 документи за реконструкција на железничката станица во Нови Сад

13/12/2024  10:30

Српската Влада досега објави повеќе од 140 документи за реконструкција на железничката станица во Нови Сад, каде се урна бетонска настрешница, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени, пренесе Бета.

Објавувањето на документите од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура во врска со можното извршување на кривично дело во врска со уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември започна вчера врз основа на одлука на Владата, а на иницијатива на српскиот претседател Александар Вучиќ. Владата ќе продолжи да ги објавува тие документи, од кои Вучиќ вели дека се 195, а според Форбс Србија се повеќе од 850.

„Во оваа работа, тој е … обичен граѓанин, и нема овластување да ги чува тие документи кај него. Тоа е што се однесува до чувањето на документацијата“, вели Јелена Јериниќ, професорка по право и пратеничка од Зелено-лев фронт.

Во средата, претседателот Александар Вучиќ покажа документи поврзани со уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и најави дека ќе бидат објавени на веб-страницата на Владата и на надлежните министерства.

Јериниќ изјави за ТВ Н1 дека бројот на документе е само „негов збор“ и дека „не знаеме колку ги има“.

„И што е многу важно, не знаеме од каде ги добил. Тој е во оваа работа обичен граѓанин и нема овластување да ги чува тие документи кај него“, изјави таа.
Јавното објавување на досиејата е во спротивност со изјавите на премиерот Милош Вучевиќ и претседателката на Собранието Ана Брнабиќ дека се во Обвинителството, наведува медиумот.

Јериниќ смета дека со таквото однесување тој всушност го понижил премеирот Милош Вучевиќ, а потоа му наредил да објави некои документи „што тие ги избрале“ на веб-страницата на Владата на Република Србија.