Skip to main content
Магазин

Софтверска компанија му понуди работа на седумгодишно момче

19/11/2024  09:33

Руската софтверска компанија Pro32 покани седумгодишен програмер да му се придружи на нејзиниот менаџерски тим штом ќе биде доволно возрасен за да започне со платена работа, пишува британски „Би-Би-Си“.

Сергеј од Санкт Петербург го изгради своето име на петгодишна возраст со објавување видеа во кои објаснува како се програмира софтвер. Врз основа на тие снимки, компанијата за информациска безбедност Pro32 му испратила понуда за работа како менаџер за корпоративна обука.

Според рускиот закон, Сергеј не можел да се занимава со платена работа до својата 14-та година. Сепак, извршниот директор на Pro32, Игор Мандик, изјави за Би-Би-Си дека во меѓувреме разговарал со родителите на Сергеј за изнаоѓање начини за соработка.

Неговиот татко Кирил се изненадил и рекол дека сите во семејството се среќни и дека едвај чекаат Сергеј да влезе во друштвото. Во објавените видеа, Сергеј чекор по чекор поминува низ предизвиците за кодирање на руски, а понекогаш и на малку лош англиски јазик.

Неговиот канал на YouTube има повеќе од 3.500 претплатници заинтересирани за учење на програмските јазици Python и Unity или оние кои сакаат да слушнат повеќе за невронските мрежи, кои се основа на многу алатки за вештачка интелигенција.

Мандиќ рече дека Сергеј покажал извонредни развојни и уникатни наставни вештини.

„За мене тој е еден вид Моцарт. Апсолутно сум сигурен дека додека да наполни 14 години ќе биде гуру за настава и развој. Мора да почекаме седум години, по што ќе почнеме да зборуваме за неговата плата“, изјави Мандиќ за чудото од дете.