Северна Кореја испорача повеќе од 1.000 проектили во Русија, покрај војниците кои се упатуваат таму за да се борат против Украина, изјави денеска јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Јонг-хјун.
„Обезбедени се повеќе од 1.000 проектили“, рече Ким на прес-конференција во Вашингтон.
Тој додаде дека Северна Кореја исто така испратила милиони парчиња муниција.