Skip to main content
Спорт

Продадени само 20 илјади билети за натпреварот меѓу Франција и Израел – можен антирекорд

14/11/2024  10:50

Репрезентацијата на Франција вечер може да постави антирекорд по посетеност на домашен терен.

Причина за слабата посетеност на мечот со Израел се особено стравувањата на позадината на нападите врз навивачите на Макаби Тел Авив во Амстердам минатиот четврток.

Исто така, се известува дека теренот на „Стад де Франс“ е ограден со шипки со шилци на врвот за да се спречи евентуално сите навивачи да влезат на теренот. Првите редови на трибините се покриени со церада и на нив ќе нема публика.

Израелските власти ги советуваа своите граѓани да не одат на мечот со Франција во Париз и да не присуствуваат на спортски и културни настани во неделата по нападите во Амстердам.