Skip to main content
Хроника

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

26/10/2024  11:24

На 25.10.2024 полициски службеници од СВР Тетово  го лишиле од слобода И.Џ.(46) од Тетово, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и непозната супстанца. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.