На 06.12.2024 во 13.10 часот во Кичево, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Т.(29) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кеса со марихуана, пари и други предмети.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.