Skip to main content
Македонија

По две тешки сообраќајки кај мостот Гоце Делчев поставена е полиција со радар

19/10/2024  15:58

По сообраќајната несреќа која се случи претпладнево во Скопје, односно на булеварот Киро Глигоров  во која се судрија цистерна и такси возило, неколку часа подоцна  се поставени полициски службеници кои “ловат” брзи возачи со радар.

За потсетување, и во текот на вчерашниот ден во овој дел од градот се случи сообраќајна несреќа кога возило марка БМВ се преврте во спротивната насока.

Апелираме до возачите да внимаваат на брзината со која ги управуваат моторните возила и да ги почитуваат сообраќајните знаци и правила.