August 14, 2022 20:09
Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска поради одржувањето на „Парада на гордоста”, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на централното градско подрачје на Скопје.

За време на движењето (по потреба) за сообраќај ќе бидат затворени ул.„11-ти Октомври”, ул.„Димитрие Чуповски”,, ул.„Васил Главинов”, бул.„ВМРО”, бул.„Илинден”, ул.„Аминта Трети” и ул.„1732″.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.