СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 17.03.2023, полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена дигитална вага со остатоци од кокаин. На 30.10.2023, во угостителски објект во Битола, полициските службеници извршиле преглед на пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.
Во Штип, СВР поднесе кривична пријава против Е.И. (38) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 23.05.2024, пријавената продала хероин на лице од Штип, а на 24.05.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на лицето, при што бил пронајден и одземен хероинот.
Во Кочани, СВР поднесе кривична пријава против С.А. (26) поради постоење основи на сомнение за истото кривично дело. На 02.07.2024, полициските службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.М. (28) од Струмица за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. На 17.10.2024, полициските службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Раброво, струмичко, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Д. (32) и А.Д. (32), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за истото дело. При контрола на улицата „Пиринска” во Кичево, полициските службеници забележале дека од возилото „опел корса”, во кое се превезувале, била исфрлена марихуана. При претрес во нивниот дом, извршен по судска наредба, пронајдени се марихуана и кокаин.
На 20.10.2024 во 20.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода Д.И. (27), Т.С. (19) и Д.С. (38) од Крива Паланка. При преглед кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.