
Десет лица загинаа, а најмалку две се тешко повредени рано утринава во пожар во домот за стари лица „Жардинес де Вилафранка“ во шпанскиот град Вилафранка де Ебро. Пожарот е изгаснат, пренесува „Хералдо“.
Пожарникарите во Сарагоса во 5 часот утринава биле известени за пожар во дом за стари лица. Пожарот е изгаснат, зградата е проветрена, а станарите се вселиле во дневните соби. Засега не се познати причините за пожарот и бројот на повредени.
Десет лица, кои биле во зградата, починале од вдишување чад, пренесува медиумот.
Во моментот на пожарот во резиденцијата наменета за згрижување стари и лица со ментален хендикеп живееле 82 штитеници.