Skip to main content
Македонија

Николова: СДСМ бара зголемување на платите на работниците

19/11/2024  15:31


Соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ поднесе амандман за зголемување на платите во администрацијата со кој бараме 3.5 милијарди денари или 57 милиони евра, средства со кој ќе се обезбеди зголемување на платите на работниците, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на амандманската расправа на Комисијата за финансирање на буџет.

– Овој буџет не ветува дека владата ќе се грижи за потребите на граѓаните. Како буџетот, така и сите активности на оваа влада дадоа јасна насока каде и со кој политики ќе се движат, а тоа значи поголемо задолжување, зголемен дефицит, речиси двојно зголемени ставки на стоки и услуги, купување возила, мебел. Ако владата на СДСМ во фокус ја стави економијата и зголемувања не платите, тоа не е случај со владата на ДПМНЕ. Овој буџет јасно покажува дека ДПМНЕ и коалицијата не се грижат за работниците и немаат намера да ги почитуваа колективни договори и нема да покачуваат плати на работниците, рече Николова.

Таа потенцираше дека ДПМНЕ нема намера да зголемува плати, освен што ги убедуваат граѓаните, дека е добро што воопшто ќе имаат плата, затоа што, наводно ситуацијата во државата била многу тешка, а со буџетот уште потешка.

– Да потсетиме дека изминативе години имаше континуирано на покачување на плати. Со СДСМ покачување на плати добија над 1000 илјади вработени, во образованието, во МВР, културата, судството, во здравството, во високото образованите. И сето тоа во време на светски кризи со кој се соочуваме, рече Николова.

Оваа влада, потенцираше пратеничката на СДСМ, не го зема предвид ниту барањето на синдикатите за покачување на минималната плата на 450 евра.

– Зголемувањето на минималната плата е конкретна мерка. Но, секогаш кога се дискутира за минимална плата, ќе се појави некој експерт од ДПМНЕ како Трајко Славевски кој ќе тврди дека тоа е непотребно и неосновано, што е и всушност тенденцијата на власта да не покачува плати, рече Николова.

За потсетување, откако ДПМНЕ дојде на власт минималната плата се намали за 1000 денари. Во времето на СДСМ минимална плата од 9 илјади денари порасна на 22.567, а просечната од 22.460 денари на 41.252 денари.