Недела ќе биде неработен ден за сите билетарници на ЈСП Скопје

Од претстојниов викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје.

Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје (маркети и трафики), велат од град Скопје.

Прегледот на локациите од дистрибутивната мрежа е достапен на фејсбук страницата на ЈСП Скопје (www.facebook.com/jspskopjee).

Треба да знаете
Последни објави