Skip to main content
Спорт

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

27/11/2024  10:08

Фудбалерите на Баерн, во Минхен го победија Пари Сен Жермен (1:0) во петтото коло од Лигата на шампионите. Пред почетокот на натпреварот на мета на домашните навивачи беше претседателот на „светците“, Насер Ал-Келаифи.

MK Summit

Навивачите на Баерн на една од трибините истакнаа транспарент со порака:

„Министер, сопственик на клуб, сопственик на ТВ права, член на извршниот комитет на УЕФА, директор на Европската клупска асоцијација сè во едно?“, пишуваше на еден транспарент.

На вториот истакнаа уште една порака:

„Фудбал, тоа сум јас? Е.и се плутократо Ал-Келаифи“.

Арапскиот милијардер на чело на ПСЖ, исто како и сопствениците на Манчестер сити и некои други новоформирани богати клубови, не се по вкусот на навивачите на клубовите со голема традиција.