Македонија

„Македонија блокира“: Канческа-Милевска не се покажа како добра домаќинка

Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори „Македонија блокира“ синоќа се упати пред домот на пратеничката Елизабета Канческа-Милевска за лично да ѝ предаде писмо зошто не треба да гласа за уставните промени.

„На општо изненадување, пред домот на Канческа-Милевска нè пречека кордон од полиција, а пратеничката не се појави да го поздрави насобраниот народ, што не е во духот на македонската традиција за добро домаќинско однесување, со што покажува дека веќе тргнала по патот на либералните ЕУ и НАТО-вредности. Дотолку повеќе, при средбите на ‘Македонија блокира’ со останатите пратеници добивавме и покани за разговори со домашна ракија, кафе и благо во нивните домови. Од тие причини ‘Македонија блокира’ синоќа не го предаде лично писмото на Канческа-Милевска зошто не треба да гласа во Собранието, поради што писмото беше прочитано на народниот собир“, се вели во соопштението.

Од таму велат дека се разочарани од однесувањето на Канческа-Милевска и според нив таа покажува дека е личност со изгубено национално чувство.

Нови вести

Боларис: Комитетот за учебниците е на добар пат

Valentina

Отворено реконструираното фудбалско игралиште во СОС Детско село

Daniela

Стоилковски: Од 600- те најавени милиони евра за патишта нема ни Ш!

Valentina