Skip to main content
Хроника

Кривична за 52-годишен скопјанец, со пиштол оштетил возило при тепачка

28/10/2024  12:10

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.В.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка и караница“ и „загрозување на сигурноста“.

– На 09.08.2024, пријавениот агресивно се однесувал кон Х.В. и неговиот брат, при што со пиштол го оштетил нивното патничко возило „фолксваген голф“, известија од полицијата.