Skip to main content
Хроника

Кражба во бутик во трговски центар во Скопје: Украл облека вредна над 600 евра

30/10/2024  18:44

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.

На 21.09.2024 од продавница во трговски центар во Скопје, пријавениот откако одзел повеќе парчиња гардероба, му се заканил со нож на вработениот и го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 38.376 денари, информираа од полицијата.