Skip to main content
Свет

Камион намерно удри во автобуска станица во Израел, има мртви и повредени

27/10/2024  15:45

Најмалку 33 лица се повредени, а еден маж е убиен во нападот утринава на автобуска станица во централен Израел, за кој постои сомневање дека е терористички напад.

Израелската служба за итни случаи соопшти дека осум лица останале заробени под камионот кога медицинските лица пристигнале на местото на настанот.

– Advertisements –

– Камионот удри во десетици луѓе кои се симнаа на автобуската постојка. Осуммина повредени останаa заробени под камионот, а останатите лежеa и се движеa во близина – изјавиле лекарите.

Меѓу повредените има шест лица во тешка состојба и 20 лица кои се полесно повредени кога камионот налетал на автобуската станица во близина на раскрсницата. Еден маж им подлегнал на повредите.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил застрелан и неутрализиран од вооружени цивили. Еден од припадниците на полицијата рече дека според него се работи за терористички напад, но досега официјално не е окарактеризиран како таков.