Skip to main content
Свет

Израелски авиони повторно гранатираа цели во Сирија

14/12/2024  16:53

Израелски воени авиони изминатата ноќ извршиле околу 40 воздушни напади врз поранешни сириски воени пунктови во околината на Дамаск, јави ДПА.

MK Summit

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека израелската војска уништила неколку цели, вклучително и истражувачки центар северно од Дамаск.

Погодени се 28 локации околу планината Каламун, 90 километри северно од Дамаск. Израелските авиони нападнале и уништиле складиште за оружје, воен аеродром и подземни тунели.

Од соборувањето на претседателот Башар Асад, израелските воздухопловни сили често вршат масовни воздушни напади врз воени цели во Сирија.