Search

Зошто КОВИД-19 повеќе ги напаѓа мажите? Причината може да биде многу едноставна

Мажите, во споредба со жените имаат повеќе сериозни проблеми со коронавирусот, и меѓу нив поголемиот процент се со вишок килограми.

Меѓу пациентите на одделите за интензивно лекување во болниците каде се згрижуваат пациенти со коронавирус, поголемиот дел се мажи со прекумерна телесна тежина, а стручњаците не се сигурни зошто е тоа така.
Она што како пример почнало да се појавува во Кина, добило потврда во болниците во Европа и во САД.
“Повеќе мажи отколку жени, имаат сериозни проблеми со КОВИД-19, и меѓу нив има повеќе со
вишок килограми, отколку со нормална телесна тежина“, изјавил Дерек Хил, професор на Кралскиот колеџ во Лондон.
Досегашните статистики од одделите за интензивно лекување во Велика Британија го потврдуваат тој феномен: 73 проценти се мажи, а 73,4 проценти имаат прекумерна телесна тежина. Истовремено, кај обезните мажи воочена е помала веројатност за оздравување кога ќе западнат во критична состојба…

Преземено од panacea.mk

Треба да знаете
Последни објави