Единствена Македонија: Зоран Заев стана потрчко на Али Ахмети

Настаните во Македонија покажуваат дека во заднина шеф во Владата и државата е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а Зоран Заев е обичен потрчко без реална моќ да ја врши фунцијата премиер согласно Уставот и законите, реагираа денеска преку соопштение од Единствена Македонија.

Функционерите на ДУИ, се додава во нивното соопштение, на отворена сцена го занемаруваат Уставот и законите и продолжуваат со опасни провокации, а Заев сето тоа само немо го посматра.

„Терористи се вработуваат како советници во Владата додека македонски уставобранители се фрлени во темните зандани во Шутка, координаторот на ДУИ спротивно на Законот држи прес-конференција во Собранието само на албански јазик, Али Ахмети отворено го бламира Заев дека лаже оти целиот Закон за јазици е испратен во Венецијанската комисија, законите во државата важат само за Македонците, а не и за Албанците,…а на сето ова целосен молк од Заев иако согласно законските овластувања како премиер мора да реагира.

Од друга страна, Заев продолжува со погубните антимакедонски политики најавувајќи најново дека прв ќе земе двојазичен пасош иако нема случај во современиот свет премиер на држава да има пасош и на јазикот на едно малцинство“, се наведува во соопштението на партијата.

Треба да знаете
Последни објави