Search

Д-р Блажевска: Секоја покачена температура не е корона и не постои „магичен“ лек за нејзино лекување   

Oд почетокот на пандмијата матичните лекари се првата и примарна линија за дететектирање и лекување на пациенти со ковид 19. Една од нив е и доктор Татјана Блажевска, чија амбуланта постои повеке од 23години. Таа за 24 инфо вели дека има вкупно околу 4000 матични пациенти. Во амбулантата работат два тима на матични лекари, а пациентите во најголем процент се возрасна популација. Во периодот од март 2020 до денес кај нас има регистрирано 20 матични пациенти кои се или биле на лекување поради заболување со COVID 19.

-Дел од вашите колеги изминативе месеци прегледите ги сведоа на минимум. Како е во вашата ординација?

Од почетокот на пандемијата , кај нас не постои посебен протокол како ние како матични лекари да работиме,па поради тоа ние самите си ја организираме работата во нашите амбуланти.Најчесто прегледите се вршат по предходна телефонска консултација или најава по телефон,се советуваат без поголема причина да не доагаат во амбуланта .Тоа не значи дека матичниот лекар ‘ги откачува пациентите”,туку тоа е така поради тоа да се избегнат дирекни контакти помегу пациентите и да не се прават гужви во амбулантите.Ние како тим лекар+сестра користиме целосна заштитна опрема(која сами си ја набавуваме) и после секој преглед просторијата и површините се дезинфицираат.Кога се работи за итен пациент тој веднаш се прима на преглед и се преземаат сите мерки за наша и негова заштита.Бидејќи оваа состојба со корона долго трае,пациентите веќе го губат трпението  па се повеќе се вознемирени,напнати,нервозни.Ние сме секогаш тука да ги сослушаме и разговараме со нив и да најдеме решение заеднички.Јас верувам дека сите мои колеги го даваат својот максимум како знаат и умеат за да им помогнат на своите пациенти оти матичниот лекар најдобро си го познава пациентот и знае на кој начин да му пристапи и да му помогне.

-Што ако се посомневате дека пациент е болен од корона? Што е првиот чекор и како оди лекувањето понатаму?

Доколку постои сомнеж дека пациентот е заболен од корона тогаш тој се упатува на тестирање за да се исклучи или докаже болеста.Доколку добиеме позитивен тест тогаш во зависност од моменталната здравствена состојба и симптомите кои ги има пациентот така се пристапува со лекувањето.Некои пациенти имаа лесна клиничка слика меѓутоа кај некои поради компликации мораше да бидат  хоспитализирани.Тие пациенти што се на домашно лекување секој ден два пати дневно ги контактираме телефонски и ги прашуваме за нивната здравствена состојба.Доколку кај овие пациенти се влоши здравствената состојба тогаш ги консултираме колегите инфектолози за понатамошен третман.До сега имаме одлична соработка и со епидемиолозите и со инфектолозите.

-Кои се првите симтоми кои се јавуваат кај пацинетите и кога да побараат лекарска помош?

Првите симптоми кои што се јавуваат кај пациентите се покачена телесна температура до 39C,општа слабост,малаксалост,изнемоштеност,болку во грлото,кај некои има и кашлица.Кај неколку пациенти има само покачена телесна температура и губење на чувството за вкус и мирис.Секогаш кога постои покачена температура над 37.5 треба телефонски да се консултира матичен лекар за да може лекарот да закаже преглед и да ги превземе сите понатамошни чекори во лекувањето на пациентот.Секоја покачена температура не е корона и затоа пациентот треба да се јави  телефонски кај матичен лекар.Матичниот лекар најдобро си го познава пациентот и најдобро може да процени што да превземе понатака.

-Во јавноста се крена многу паника дека кај пациенти болни од ковид 19 не смее да се користи бруфен за симнување на температура бидејќи наводно ја влошува состојба. Има ли научно покритие за ваквото тврдење и кои се лекови не се користат за лекување на ковид 19?

Јас досега немам сретнато научна студија(а и во консултација со искусни колеги) дека Ibuprofenot ја влошува здравствената состојба кај пациенти болни од ковид 19. Да,постоеја такви хипотези но тоа не е докажано. Исто така се појави мислење дека Dexamethasone e магичен лек за третман за ковид 19 ,но не е така.Тоа е лек кортико препарат кој што може да направи многу повеќе штета доколку се зема на своја рака отколку корист ако не е препорачан од страна на лекар.

-Што е со хроничните пацинети, како ги лекувавте во изминатиов период?

Хроничните пациенти кои што спаѓаат и во ризична група( доколку заболат од ковид 19),ги консултираме телефонски.Доколку им се влоши здравствената состојба или има потреба да се консултира специјалист тогаш им закажуваме прегледи кај специјалисти.Кај одредени дијагнози мора да се направат и лабараториски анализи,ЕХО испитувања итн.и тогаш пациентите се упатуваат на   испитувања и иследувања.Секако ако има потреба по предходна телефонска консултација и најава тие доаѓаат на преглед во амбуланта.

-По медиумите постојано се појавуваат „магични“лекови за имунитет кој штити од вируси. Ваша препорака за граѓаните што да прават во овој период, да внимаваат на исхрана да земаат витамини…

На почетокот на пандемијата скоро сите прашуваа за “магичниот” SUMAMED.Azithromycinot ниту е лек за имунитет,ниту штити од вируси, ниту е лек за вирусни инфекции.Тој е антибиотик и треба да се дава исклучиво по препорака на лекар доколку има потреба  за негова употреба само врз основ на медицина базирана на докази и никако поинаку.Некогаш пациентите уште од врата или по телефон бараат антибиотик,или најчесто во последно време” матичниот стоматолог ми рече да ми дадете антибиотик”.Да се разбереме за забни дијагнози терапија препишуваат матични стоматолози а не матични лекари.Исто така (зло)употребата на суплементите.Доколку се претера со нивна употреба може да се направи повеќе штета по здравјтео отколку корист.На пример употребата на високи дози на Витамин Д  може да предизвика сериозни здравствени проблеми.Летниов период  во безбедните периоди од денот доволно е да се излезе на прошетка на сонце(нормално со држење на дистанца и носење на заштитна маска),и дневна доза на  Витамин Д од 800IU. Ова е доволна суплементација нетреба да се претерува со високи дози.Истото се однесува и на Витамин Ц,и со него нетреба да се претерува со високи дози.

Моја препорака е многу овошје и зеленчук,многу течности -вода ,движење-пешачење и секако употреба на суплементи ама само исклучиво во консултација со лекар.

-Вакцина против грип за или против. Каков е вашиот став?

ЗА . Треба да се вакцинираат сите пациенти кои спаѓаат во ризични групи.

(В.А.)

 

 

Треба да знаете
Последни објави