Skip to main content
Македонија

ДУИ: Екстремно деградирање се случува во безбедносната и одбранбената сфера со ВРЕДИ

21/10/2024  15:46

Враќањето на меѓуетничките инциденти и меѓуетничкитепровокации, зголемувањето на вооружените инциденти, деградирањето и запоставувањето на албанските кадри, нивната замена со кадри на ВМРО-ДПМНЕ, се меѓумногуте случаи кои ја одразуваат работата на безбедноснитеинституции во овие четири месеци – лошо владеење намоноетничката влада.

Либертас

ДУИ: Екстремно деградирање се случува во безбедносната и одбранбената сфера со ВРЕДИ

21.10.2024 13:48

 236 2 минути читање

Враќањето на меѓуетничките инциденти и меѓуетничкитепровокации, зголемувањето на вооружените инциденти, деградирањето и запоставувањето на албанските кадри, нивната замена со кадри на ВМРО-ДПМНЕ, се меѓумногуте случаи кои ја одразуваат работата на безбедноснитеинституции во овие четири месеци – лошо владеење намоноетничката влада.

Во овој период во Министерството за внатрешни работи сеслучи етничко чистење и деградација на албанскиот кадар, како што беше случајот со раководителот за истражување воМВР, помошникот министер за административни работи, помошникот директор во Секторот за униформиранаполиција, началникот за меѓународни истраги (Интерпол), началникот во Секторот за внатрешни работи во Струга, началникот во единицата за трговија со оружје, командиротво Полициска станица во Гостивар, командирот воПолициска станица Битпазар во Скопје , како и значителенброј на високи инспектори во секторот за организиранкриминал и криминалистичка полиција.

Треба да сеспомене и деградирањето на граничните полицајци вослучајот со Африм Гаши и случајот со Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи во скопскиот аеродром, одкаде без нивна вина како резултат на овој националисчки пристап, албанските полицајци трпеа казни, деградирања, разрешувања и најлошото со постапки за кривично гонење, за нешто што тие воопшто не се дел од вината илиодговорноста, туку едноставно се жртви на системот штооваа власт без етнички легитимитет се обидува да гоизгради за покажување на сила и ширење на страв кајалбанските граѓани.

Во овој период постојано се врши притисок врз вработенитеда потпишат изјави дека доброволно се откажуваат одработното место, главно тие на раководни позиции, и тоа со цел да не продолжат со управни и судски постапки.

Овие лоши потези што ги презеде оваа моноетничка власт, не штеди ниту една институција, дури и оние каде што себараат стандарди и правила како локални така и меѓународни, да бидат водени од неполитички и струченкадар. Дека е така, докажува и последното назначување штоја направи Владата, со назначувањето за прв човек наАгенцијата за национална безбедност, кадарот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски, кој во февруари 2023 годинабеше назначен за претседател на комитетот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје. Овој избор отвора многу дилеми, каде со право може да се посомневаме дека намерата е безбедносните институции да се претворат во партискиштабови.