Вчера, во 9.30 часот, на граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 52-годишниот Ч. Ј. од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола.
Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Крива Паланка, а Ч. Ј. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.