Skip to main content
Економија

Две меѓународни конференции на Економскиот факултет во Скопје

13/11/2024  08:51

Економски факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од денеска до 15 ноември, ќе биде домаќин на две меѓународни конференции.

На 13 и 14 ноември ќе се одржи 5-та меѓународна научна конференција на катедрите за економска теорија и општа економија (MIKET 2024) под наслов „Lessons from contemporary economic crises for economic theory and policy“.

– Конференцијата ќе собере реномирани експерти и научници од регионот, кои ќе дискутираат за предизвиците и научените лекции од тековните глобални економски кризи, информираат од Економскиот факултет.

На 14 и 15 ноември, ќе се одржи и 5-та меѓународна научна конференција „Economics and business shaping the future“ (EBTSF-24).

– Оваа конференција ќе биде посветена на актуелните економски и бизнис трендови и ќе понуди платформа за размена на знаења меѓу истражувачи, како и професионалци од економската и деловната сфера, соопштуваат организаторите.

Тие посочуваат дека двете конференции претставуваат извонредна можност за зајакнување на научната и деловната соработка во регионот и пошироко.