Search

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Анѓушев учествувал во криминал со ФЕНИ тежок милион евра?

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Владата сакала да го заташка скандалот, каде што медиумите отворија сомнеж, дека вицепремиерот Кочо Анѓушев учествувал во криминал со кој што ја оштетил државата над 1 милион евра или поточно околу 74 милиони денари?

-Медиумите изминатиот период пишуваа за сомнеж дека се извршила финансиска малверзација во која можно влијание и информации како вицепремиер имал и искористил Кочо Анѓушев. Фирмата „ЕДС“ која беше во негово сопствеништво, со цесија, односно со државни пари од УЈП си го наплатила долгот од „Фени“ во висина од над 1 милион евра, со документ кој е издаден пред датумот на добивање на одобрението. Целото дејствие се случува во текот на летото, во јули месец. Најсимптоматично е што медиумите објавија дека овој договор за цесија се случува пред стечајот на фирмата „Фени индустри“, што алудира на тоа дека Кочо Анѓушев и неговата компанија „ЕДС“ знаеле дека ќе се случи цесијата, велат од ВМР-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дали „ЕДС“, која што беше тогаш на Кочо Анѓушев преку УЈП со државни пари си го наплатила долгот од над 1 милион евра пред „Фени индустри“ да отиде во стечај.

-Чија е одговорноста и како фирмата на Анѓушев можела 16 дена пред издаденото одобрение, истото да го добие со архивски број? Дали на овој начин е зголемена вредноста на „ЕДС“ пред да се продаде на грчкото електростопанство? Дали и колку плус грчки пари зел Кочо Анѓушев поради оваа цесија? Ова не е прв случај каде што Кочо Анѓушев е замешан во сомнителни зделки. Кочо Анѓушев е човек кој што цело време неговото име се поврзува со криминално работење во медиумите. Впрочем тој е човекот за кој грчките медиуми пишуваа дека под сомнителни околности се договорил да ја продаде компанијата „ЕДС“ на грчкото електростопанство. Впрочем тој е и човекот чии фирми земаа највеќе тендери од државните институции откако е СДСМ на власт. Кочо Анѓушев е пример за човек кој што влезе во политика од лични интереси. Ние предупредувавме за ова. Затоа, што побрзо Кочо Анѓушев и СДСМ си заминат од власта, толку побрзо Република Македонија ќе тргне напред!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави