Skip to main content
Хроника

(Видео) Тешка сообраќајка попладнево во центарот на Скопје

18/10/2024  16:48

Нова тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот Гоце Делчев (од Мавровка кон Влада).

Од силината на ударот патничко моторно возило марка БМВ се свртело во спротивната насока.

На лице место се екипи на полицијата а за сега нема информации за повредени лица.

Сообраќајот се одвива отежнато во две коловозни ленти.