Search

(Видео) Костадинов: Економијата расте, над 26.000 нови работни места само во 2018 година

Двете години откако одговорно пред граѓаните СДСМ ја предводи Владата, се пример за успешно, домаќинско и одговорно работење во интерес на економијата и граѓаните. По години економска стагнација и осиромашување на граѓаните, за само две години економијата повторно расте и се развива, имаме вистинска, силна економија која создава шанса за сите, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Од минусното салдо од -,1.8 отсто во вториот квартал на 2017 година, обезбедивме раст на БДП од 3,7 отсто во четвртиот квартал од 2018 година.За две години влегоа 20 нови странски инвестиции, а во 2018 е забележан рекорден износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра. Само во 2018 година отворени се вкупно 26.600 нови работни места од кои околу 1.000 во производствените погони на странските инвестиции. Овој факт, како и активните мерки за вработување, придонесоа стапката на невработеност да опадне на рекордно ниски 19,4 отсто за овие 2 години“,рече тој.

Индустриското производство, додадем, во првиот квартал од оваа 2019 година растот е 8,8 отсо, а во 2018 тој изнесуваше 5,4 отсто.

„Истовремено, го зголемивме и извозот. Според официјалните податоци, во 2018 извозот има раст за 16,8 % во споредба со 2017. Ова се клуните показатели за одржливиот економски развој на државата и вистинскиот правец по којшто се движи. Патот на интеграциите и членството во ЕУ и НАТО носат носат бројни придобивки за економијата“, рече Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави