Search

Блокирана работата на 14 странски обложувалници во Хрватска

Хрватското министерство за финансии издаде наредба за забрана на работата на 14 странски организатори на игри на среќа, а поконретно станува збор за онлајн обложувалници, кои нелегално ги нуделе своите услуги во Хрватска.

Откако на почетокот од годината во Општиот даночен закон беше внесена можноста за забрана за вршење на одредени економски активности преку интернет, управата за приходи започна да затвора илегални фирми кои работат на хрватскиот пазар, пишува „Т-портал“.

На удар на инспекторите најчесто се онлајн обложувалници кои во Хрватска не плаќаат никаков надоместок за вршење на дејноста, а исто така ниту нивните играчи не плаќаат данок на добивка.

Постапката за спречување на нелегални активности е регулирана со прописите кои стапија на сила на почетокот на мај, се наведува во извештајот на SEEbiz.

Според некои проценки, Хрватите во илегални интернет обложувалници годишно трошат околу три милијарди куни (над 400 милиони евра), а државата пропушта да наплати околу една милијарда куни во даноци.

Треба да знаете
Последни објави