Search

Чилиманов суспендиран од државната агенција МИА и Владата со реакција

Чилиманов суспендиран од државната агенција МИА, Владата со реакција

Новинарот Цветин Чилиманов е суспендиран од работното место и тој има рок од три дена, односно до понеделник, да се изјасни во врска со суспензијата, дознава БИРН.

Потоа, дисциплинска комисија од државната агенција МИА ќе ги сослуша аргументите на Чилиманов и ќе достави предлог до директорот на МИА, Драган Антоновски, кој треба да ја донесе крајната одлука – дали тој ќе добие отказ од работното место, ќе биде казнет или пак нема да се соочи со никакви последици.

Чилиманов на Твитер, во понеделникот, цитираше статус на дописничката на Фајненшл Тајмс, Валери Хопкинс, апелирајќи: „ До сите таксисти што ме следат, ако ви влезе оваа во кола, време е за чичко Кумплунг“. Оваа реплика е од македонскиот филм „Самоуништување“, каде главниот лик, таксист кој го глуми Јовица Михајловски, ја носи на Водно девојката на неговиот син и ја силува.

Доаѓа и реакција од Илинденска каде што велат:

Срамни и неприфатливи се заканите и повиците полни со омраза кои доаѓаат од новинарот Цветин Чилиманов кој отворено наведува да биде нападната негова колешка.

И во оваа прилика потсетуваме на ставот на Владата на Република Македонија: Нула толеранција за било какви закани, уцени врз новинарите и медиумските работници и за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето.

Апелираме медиумите, новинарските асоцијации и другите институции во државата, а особено обвинителството и судовите, да постапуваат максимално брзо и професионално во случај на каков било обид за напад или закана против медиумските работници.

 

Треба да знаете
Последни објави