Search

Двајца скопјани нападнати од кучиња скитници

Двајца скопјани во одделни случаи биле нападнати од скучиња скитници. Првиот случај бил пријавен вчера во 14 часот во полициската станица.

35-годишниот М.М. пријавил дека на 28 јули околу 3:30 часот на ул. Лазар Личеновски бил нападнат од страна на три улични кучиња, од кои едното го каснало во пределот на левата потколеница.

Во полициската станица Карпош, пак, Ѓ.М. (31) од Скопје пријавил дека на 23 јули околу 7 часот на булеварот Партизански одреди бил нападнат и каснат од две кучиња скитници во пределот на десната нога.

Треба да знаете
Последни објави