Skip to main content
Скопје

Ќе се санира уличен дефект, за утре најавен прекин во водоснабдувањето на една улица во Скопје

18/11/2024  14:58

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (вторик) поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 5/4“на улица Јани Лукровски 9-2, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Лукровски.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.