ЈСП „Скопје“ предупредува за лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“.
Ова, како што информираат, е објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Карта за јавен превоз на Скопје“ за која, како што тврдат, не е поврзана со ЈСП „Скопје“.
Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните“, нагласуваат од ЈСП „Скопје“.