Министерката за образование Весна Јаневски кажа дека во буџетот за 2025 година се предвидени околу 30 милиони евра, што претставува зголемување од 18% во однос на оваа година, за поддршка на студентскиот стандард. Таа нагласи дека нема никаква дилема околу покачувањето на средствата за студентскиот стандард, вклучително и за студентскиот оброк.
„Се уште водиме разговори со студентите, бидејќи тие имаат различни предлози. Тие сметаат дека за 140 денари можат да добијат комплетен оброк во одредени маркети и ресторани, па размислуваме да го прошириме опсегот на поддршка, на пример за студентите кои работат на половина работно време, а не ги достигнале потребните средства. До крајот на годината ќе го дефинираме ова прашање и од јануари ќе биде јасно дали студентскиот оброк ќе биде 160 денари или ќе се прошири опсегот“, истакна Јаневска.