Skip to main content
Македонија

Јакимовски: Мајка ми ден денеска не знае дека имав рак на бели дробови

08/12/2024  21:21

Во најновата епизода на подкастот ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ се разговараше за канцерот на белите дробови, причината број еден за смртност кај малигните заболувања. 

Во своето излагање, градоначалникот на општина Карпош ја раскажа својата борба против ракот на белите дробови. 

Јакимовски кажа дека немал никакви симтоми и дека во една вечер добил силни болки во пределот на долниот дел од грбот, по што решил да направи испитувања. 

„Најнеизвесно беше испитувањето кое требаше да покаже дали канцерот го има на едно место или се проширил и метастазирал. Кога добивме абер дека канцерот е само на едно место, тоа беше како да сум добил седмица на лото, без разлика што секако ќе морав да се оперирам“ вели Јакимовски. 

Тој додава дека за време на својата борба добивал поддршка од сите страни, но и дека решил да не ѝ кажува на својатга мајка. 

„Морам да кажам пред гледачите дека мајка ми и татко му и ден денеска не знаат за мојот случај“ рече Јакимовски.