Skip to main content
Македонија

Ѓорѓиевски: Мерките на Владата кои се носат заедно со бизнис секторот се клучни за целото стопанство

14/11/2024  20:28

Денеска во просториите на ССК се одржа средба на претставници на комората со првите луѓе на Министерството за економија – Министерот Бесар Дурмиши и неговиот заменик Марјан Ристески.

На средбата стана збор за актуелната мерка потрошувачка кошничка. Размислувањата и ставовите на Владата е дека компаниите сами треба да ја креираат мерката имајќи ја во предвид нивната социо општествената одговорност.

-Се согласуваме со ставовот на Владата, ќе се потрудиме како Сојуз на Стопански комори да стигне до бизнис заедницата. Ние посочивме неколку клучни параметри за законот за нефер трговски практики. Поврат на производи од трговците кон земјоделците и производителите да нема и со аргументи го поткрепивме тоа. Потоа наместо Агенцијата за заштита на конкуренција да биде надлежна за законот за нефер трговски практики да биде надлежна Пазарната инспекција поради човечки ресурси и капацитети како државен регулатор – рече Ѓорѓиевски.

Средбата помина во сериозна и конструктивна атмосфера во присуство на претставници на квалитетни и сериозни компании.