Skip to main content
Спорт

Ѓоковиќ кон Надал: Последниот танц беше епски

20/10/2024  14:37

„Последниот танц беше епски“. Ова беа зборовите кои српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги упати кон еден од својите најголеми ривали во богатата кариера – Рафаел Надал.

Ѓоковиќ со 6:2, 7:6(5) го совлада Шпанецот во мечот за третото место на егзибицискиот турнир „Сикс кингс слем“ во Саудиска Арабија.

Пред само неколку дена, Надал го објави претстојниот крај на својата натпреварувачка кариера.

-И, се разбира, беше и емотивно. Засекогаш ќе го негувам нашето ривалство. Ќе му недостигаш на тенисот. Каков посебен турнир, сподели Ѓоковиќ во објава на социјалната платформа Инстаграм, каде објави неколку заеднички фотографии со Надал.