Skip to main content
Магазин

Шокантно откритие: Делфини позитивни на кокаин

12/12/2024  23:54

Истражувачи открија шокантни резултати при тестирањето на 89 делфини во Мексиканскиот Залив: кај 30 од нив биле пронајдени траги од дроги, додека 24 биле позитивни на силен аналгетик 100 пати помоќен од морфиумот. Присуството на „Фентанил“, заедно со седативи како „Мепробамат“ и мускулниот релаксант „Карисопродол“, дополнително ја нагласува сериозноста на ова загадување.

Делфините ги апсорбирале овие супстанции преку кожата, а не преку водата што ја пијат. Според стручњакот за цицачи Дара Орбах, фармацевтските отпадоци и дрогите кои завршуваат во водите се значајни микрозагадувачи. „Ова загадување е присутно во речиси сите екосистеми, од слатководните реки до океаните“, рече таа, нагласувајќи дека делфините се важни биоиндикатори за состојбата на животната средина.

Професорот по хемија Хусеин Абдула од Универзитетот „А енд М“ во Тексас истакна дека ова откритие е „црвено знаме“ за аларм. „Треба да истражиме колкав е опсегот на ова загадување. Дали е локален феномен или веќе глобален проблем?“, праша Абдула.

Дополнителна загриженост предизвикува и откритието од јули, кога ајкули кај бразилските води исто така беа позитивни на кокаин. Овие резултати потенцираат потреба од итна акција за контрола на фармацевтскиот и наркотичниот отпад што ја загрозува морската биосфера.