Skip to main content
Скопје

Шлепер од Украина удри во автобус на ЈСП – Се обидел да сврти полулружно на две полни линии (ВИДЕО)

18/10/2024  15:47

Шлепер од Украина во обид да сврти полукружно на две полни линии удри во автобус на ЈСП попладнево во Скопје, објави Канал 5.

Сообраќајната несреќа се случи во населбата Ѓорче Петров а поради тоа што е петок и поголемиот број на граѓани ја користат улицата Ѓорче Петров за излез на Скопје, гужвата создаде нервоза кај возачите.

Поради сообракајната несреќа полицијата мораше да ја затвори улицата и да го пренасочи сообраќајот по околните улици.

Извор/Видео: Канал 5