Skip to main content
Македонија

Цаневска на подкаст ЗРАК: Собрав храброст дека треба да се оперирам и мислам дека донесов добра одлука

10/11/2024  21:33

Во најновата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Марина, свое сведоштво од борбата против канцерот на дојка изнесе и познатата ТВ водителка Катерина Цаневска. 

Таа пред публиката ги сподели сите најважни моменти од нејзината борба против ракот на дојката.

„Прво не бев сигурна, неколку пати бев на преглед и се беше „не ти е ништо“ не покажуваа ништо снимките и јас си го земав тоа здраво со готово, последната година ми се влоши состојбата и десната рака ми потече и ми беше три пати поголема од нормалното, но сето тоа го сведував на нешто друго, дека не е тоа и на крај дојде момент кога реков, зошто да ги тормозам сите? Зошто да одам на хемотерапија и да се мачам, зошто да трпат сите околу мене? И заради тоа никој, буквално никој околу мене не знаеше дека јас имам рак. На крајот собрав храброст дека треба да се оперирам и мислам дека донесов добра одлука“ кажа Цаневска. 

Целата емисија може да ја погледнете на следниот линк