Skip to main content
Свет

Хезболах испука ракети на Тел Авив

06/11/2024  18:24

Израелската војска (ИДФ) соопшти денес дека една од 10 ракети кои ги лансирала либанската паравојска Хезболах паднала во областа на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Тел Авив, но дека нема повредени.

Војската наведува дека израелската противвоздушна одбрана ги пресретнала речиси сите од десетте ракети кои ги лансирал Хезболах.

Аеродромот Бен Гурион соопшти дека работи нормално и дека нема доцнење ни на полетувањата ни на слетувањата, пренесува Тајмс оф Израел.