Skip to main content
Спорт

Француските навивачи ги нападнаа израелските во Париз, исвиркана и националната химна на Израел

15/11/2024  07:54

Франција и Израел синоќа на „Стад де Франс“ играа натпревар од 5. коло во Лигата на нации, а трибините на стадионот во Париз беа полупразни поради францускиот протест против Израел.

Повеќето Французи не сакаа да дојдат на натпреварот во знак на протест што нивната репрезентација го пречека Израел на домашен терен. Мал број навивачи собрани на трибините решија да ги нападнат Израелците.

Во текот на натпреварот Французите ги нападнаа израелските навивачи и на една од трибините настана тепачка. Инциденти имаше и пред самиот натпревар, бидејќи пропалестинските активисти се обидоа да ги нападнат Израелците, но се’ заврши само со конфликт со полицијата.

„Икс“ е полн со постови од француски навивачи кои велат дека е срамота што играта со Израел се игра во Париз додека израелската армија врши геноцид во Газа. Присутните навивачи ја исвиркаа химната на Израел пред почетокот на натпреварот.

Неодамна имаше конфликт на улиците на Амстердам каде Макаби од Тел Авив гостуваше кај Ајакс. Марокански навивачи претепаа голем број израелски навивачи поради провокации на сметка на настаните во Газа.