Герила акција денеска се појави во центарот на Скопје.
На платно, граѓани им го честитаа 23 октомври на ВМРО-ДПМНЕ со интересна порака.
,, ВМРО денес гордо слави патриотски потврдија пред ЕУ смело – Преспанскиот е ремек дело ” стои во пораката.
Ова доаѓа како реакција на излагањето на премиерот Христијан Мицкоски кој во Виена кажа дека Преспанскиот договор е брилијантен иако како опозиционер беше негов главен противник и најавуваше и негова ревизија.