Skip to main content
Македонија

УХМР најави: Доаѓаат минусни температури

18/10/2024  12:42

Според најновите информации од УХМР, за време на викендот нè очекува променливо облачно време.

Утре ќе има услови за слаб локален дожд. Во недела утринските температури ќе се движат во интервал од -1 до 9 степени, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.