Skip to main content
Македонија

Утрово се апсат поранешни директори на РЕК Битола и АД ЕСМ

10/12/2024  09:13

Голема полициска акција се случува утрово во неколку градови во Македонија, пишува порталот Плусинфо.мк.

Според наводите на порталот станува збор за акција со која се приведуваат лица вмешани во сомнителни набавки во енергетскиот сектор.

Неофицијално, приведени се поранешни директори на АД ЕСМ, РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и сопственици на приватни фирми.

Повеќе информации очекуваме од Министерството за внатрешни работи и од надлежното јавно обвинителство.