
Денешното утро повторно речиси насекаде во Македонија донесе минусни температури на воздухот, па така најстудено до 7 часот беше во Берово со измерени -6 степени, додека во Крушево е измерена највисока минимална температура од 3 степени.

Во продолжение на табелата погледнете ги и останатите температури измерени утринава до 7 часот во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку од претстојната ноќ постепено ни доаѓа големата промена на времето која ја најавувам веќе долго време, па така вечерва и ноќва кон утрешниот ден облачноста од запад ќе се зголемува и во западните предели ќе има повремени локални врнежи од дожд.