Skip to main content
Македонија

Утре отворање на ски-сезоната во Маврово со бесплатно скијање

04/12/2024  15:42

Утре официјално започнува ски-сезоната во Маврово. Изминатиот викенд снежната покривка во градот достигна висина и до 60 сантиметри, па скијачите може да очекуваат добар старт на сезоната.

Според договорот, овие поволности се за скијачите и од Србија и од Македонија. Сопствениците на сезонски билети за скијање во Србија можат да уживаат три последователни дена бесплатно скијање на патеките на скијачкиот центар Маврово, информираат од Скијачките центри на Србија. Истовремено, носителите на сезонски билети на Маврово ќе можат бесплатно да скијаат на Копаоник, Стара планина и Торник на Златибор.

Според информациите објавени на интернет страната на Скимакедонија.мк. со сезонската ски-карта од ски-центарот Маврово за претстојната сезона ќе можете бесплатно да скијате низ следните ски-центри:

Олимписки центар Јаxорина (два последоватени дена)
Скијалишта Србије- Копаоник, Торник (Златибор) и Стара Планина (три последователни дена)
Олимписки центар Бјелашница и Игман (три последователни дена)
Скијалишта Црне Горе- Колашин 1600 (три последователни дена)
За користење на услугата, сопствениците на сезонските ски-карти за сезона 2024/2025 треба да ја активираат нивната карта на билетара и да подигнат ваучер пред да се упатат во одбраниот скијачки центар.